Search

ОН покренува истрага на Филипини поради „војната против дрогата”

Советот за човекови права при Обединети нации денеска одлучи да покрене прелиминарна истрага поради стотиците убиства на Филипини во така наречената војна против дрогата.

Резолуцијата предложена од Исланд ја поддржаа 18 земји, против се изјаснија 14, вклучително и Кина, а воздржани беа 15 држави, меѓу кои и Јапонија.

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл” (АИ) упати апел до ОН да покрене истрага за убиствата на илјадниците Филипиници, што контроверзниот претседател на Филипини, Родриго Дутерте ги оправдува со војната против шверцерите на дрога.

– Станува збор за систематско убивање, што се спроведува неказнето, оценува АИ во најновиот извештај под наслов „Тие само убиваат” и предупреди дека егзекуциите, што траат три години, откако Дутерте во 2016 година стана претседател, се спроведуваат надвор од правосудниот систем.

Според официјалната статистика од 1 јули 2016 до 31 мај 2019 година во полициските операции убиени се најмалку 6.600 луѓе под сомнение дека се поврзани со дрога.

Филипинската Влада во повеќепати демантираше дека полицијата ги убива корисниците и шверцерите на дрога, при тоа советувајќи ги семејствата на жртвите ако се сомневаат да покренат правни постапки против полицијата.

Треба да знаете
Последни објави