Search

ОН не може да ја процени правичноста на судењето за Кашоги во Саудиска Арабија

Kанцеларијата на Обединетите нации за човекови права соопшти дека не може да ја процени правичноста на судењето кое се води во Саудиска Арабија, против осомничените за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Портпаролот Рави Шамдасани изјавила дека Канцеларијата на ОН се противи на смртната казна, која е побарана за пет од 11 осомничени за убиството на Кашоги, пренесе Ројтерс.

На првото судско сослушување во случајот Кашоги, обвинителот побара смртна казна за петмина осомничени за убиството на саудискиот новинар и писател.

Треба да знаете
Последни објави