Search

ОН: Над 60.000 луѓе побегнале од Никарагва поради политичката криза

Обединети нации денеска соопштија дека повеќе од 60.000 луѓе побегнале од Никарагва поради политичката криза што почна пред една година, а поголемиот број од нив отишле во Костарика.

Во Никарагва од април 2018 година до сега во насилствата загинаа 325 луѓе, од кои поголемиот број приврзаници на опозицијата и противници на претседателот Данијел Ортега, а над 600 лица се во затвор.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) наведе дека 62.000 луѓе побегнале од Никарагва во соседните земји, од кои околу 55.000 во Костарика.

Помеѓу бегалците има студенти, поранешни функционери, новинари, лекари, активисти за човекови права, приврзаници на опозицијата и земјоделци.

Опозицијата во Никарагва бара заминување на Ортега од власт, обвинувајќи го за корупција и непотизам.

Треба да знаете
Последни објави