Search

ОН започна операција за доставување хуманитарна помош на 650.000 Сиријци

Обединетите нации најавија почетокот на операцијата за доставување хуманитарна помош на 650 000 Сиријци преку границата меѓу Јордан и Сирија.

„Вкупно 369 камиони со 11.200 тони хуманитарна помош за 650.000 луѓе ќе минат низ границата”, се вели во соопштението од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања. Таа помош, која ќе се дистрибуира со уште шест агенции на ОН и една невладина организација, претставуваат резерви за еден месец за засегнатите.

Освен храна, Сиријците ќе добијат вода, медицински помагала и други санитарни услуги, соопшти филијалата на Канцеларијата во Јордан. Целта на операцијата е да се олесни страдањето на сирискиот народ.

Последната испорака на хуманитарна помош преку границата помеѓу Јордан и Сирија се спроведе на 25 јуни.

Според ОН, на околу 13 милиони Сиријци им требаат храна, вода и лекови.

Треба да знаете
Последни објави