Search

ОН загрижени за депортираните мигранти од Грција

Претставници на Обединетите Нации изразија загриженост поради информации дека Грција вратила мигранти кои од Турција пристигнале на нерегуларен начин, а со тоа на истите им ја скратила можноста за азил. Од ОН додаваат дека за време на депортациите, биле пријавени и случаи на насилство.

Овие наводни политики се најдоа на насловните страници откако тројца мигранти беа пронајдени во село во Турција, кои според информации од медиумите биле најдени без чевли и пантолони, по што измрзнале до смрт.

Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, продолжува да добива бројни информации дека Грција ги отфрла мигрантите, ги апси без притоа да добијат можност да аплицираат за азил, а потоа ги депортира во Турција преку реката Марица, а според неколку пријави понекогаш доаѓа и до физичко насилство,“ се вели во соопштение на ОН.

„Овие пријави се навистина загрижувачки, а УНХЦР и Грција и во минатото се соочиле со овие прашања за кои се преземени превентивни мерки,“ се додава во соопштението.

Земјите имаат обврска, под државен, европски, како и меѓународен закон, да ги штитат азилантите и бегалците, велат од грчкото седиште на УНХЦР.

Реката Марица е опасна рута за мигрантите кои пристигаат по нерегуларен пат, особено во зимските периоди, образложува агенцијата во сооопштението.

Политиката со наводното „отфрлање“ на мигрантите е ризична, особено за децата и останатите индивидуи од ранливи категории.

Грчката министерка за заштита на граѓаните Олга Геровасили ги отфрли обвиненијата.

Треба да знаете
Последни објави