Search

ОН: Еден милион долари за настраданите од ураганот Дориан на Бахамите

Организацијата на обединетите нации ќе донира еден милион долари за настраданите од ураганот Дориан на Бахамите. Светската организација ги издвои средствата од посебен фонд за итни случаи

Според ОН, досега од ураганот загинале најмалку 20 лица, а 70.000 луѓе имаат итна потреба од хуманитарна помош. Ураганот Дориан се уште претставува опасност за неколку американски држави долж источниот брег.

Треба да знаете
Последни објави