Search

ОН ги повикаа сите земји на соработка во борбата против коронавирусот

 Генералното собрание на Обединетите нации со консензус прифати резолуција која повикува на меѓународна соработка и на мултилатерализам во борбата против Ковид-19, што е прв текст на ОН откако почна пандемијата.

Резолуцијата, со која со поинаков текст се обидува да и мсе спротивстави на Русија и четири други членки, се нагласува и „потребата за целосно почитување на човековите права” и се осудува „ секоја форма на дискриминација, расизам и ксенофобија во одговорот на пандемијата”.

Текстот на резолуцијата инсистира на главаната улога на ОН во здравствената и економската криза која станала глобална.

Резолуцијата, што беше прифатена од Генералното собрание, е иницирана од Швајцарија, Индонезија, Сингапур, Норвешка, Лихтенштајн и Гана, а на крајот беше поддржана од 188 од 193 држави, изјавија дипломати од ОН

На апелот не му се приклучија Русија, Венецуела, Централноафриканската Република, Куба и Никарагва. Овие пет земји поддржаа поинаков текст на декларација, што го предложи Москва, во кој, исто така, се повикува на соработка, но е вклучено и јасно барање за генерално укинување на меѓународните санкции. Погодена од ваквите санкции, заради судирот во Украина, Русија смета дека санкциите ја кочат борбата против пандемијата.

ЕУ, Велика Британија и Украина вчера интервенираа за да се блокира прифаќањето таквата декларација, што, исто така, требаше да биде прифатена со консензус, дознаваат дипломатски извори.

За разлика од резолуциите на Советот за безбедност, оние што ги прифаќа Генералното собрание не се обврзувачки, но имаат политичка сила со оглед на бројот на земјите што ги прифаќаат.

Советот за безбедност до денеска не успеа да се договори околу текстот на резолуцијата, иако имаше неколку обиди, и тоа зааради спротивставените ставови на Кина и САД, која сакаше да се надгласа потеклото на вирусот.

Постојаните членки на СБ на ОН, особено Кина и Русија, се двоумат да се согласат на тоа Советот, задолежен за мирот и безбедбоста во светот, да се занимава со прашање кое досега исклучиво било здравствено и економско.

Треба да знаете
Последни објави