Search

ОН ги обвинува венецуелските власти за злосторства против човештвото

Истражителите на Обединетите нации денеска соопштија дека владата на Венецуела извршила „нечуено насилство” правејќи злосторства против човештвото.

Тие во извештај наведоа дека во таа земја биле извршени бројни случаи на убиства, тортура, насилство и исчезнувања, пренесува Би-Би-Си.

Тимот на ОН тврди дека во сето тоа учествувале претседателот Николас Мадуро и други високи функционери.

Амбасадорот на Венецуела во ОН, Хорхе Валеро, ја опиша мисијата на ОН како „непријателска иницијатива”, а минатата година тврдеше дека потезите на ОН се дел од кампањата на САД против Венецуела.

Во извештајот, тимот на ОН тврди дека безбедносните служби на Венецуела се вклучени во систематско насилство врз населението од 2014 година, со цел да се потисне опозицијата, и дека Мадуро и министрите за внатрешни работи и одбрана се свесни за тие злосторства.

Треба да знаете
Последни објави