Search

ОН: Бројот на жртвите од самоубиствениот напад во Кабул се искачи на 43

Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз образовен центар во Кабул се искачи на најмалку 43, објави денеска Мисијата на ОН за помош во Авганистан.

Четириесет и три загинати, 83 ранети. Главните жртви се млади жени и девојки, објави Мисијата, при тоа истакнувајќи оти стравува дека е можно да се зголеми бројот на жртвите.

На 30 септември беше извршен самоубиствен напад врз образовен центар за подготовка за универзитетски студии. Нападот беше извршен во кварт на Кабул, каде живеат припадници на  шиитското малцинство Хазари.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот.

Според талибанските власти загинале 25 лица, а 33 се повредени.

Треба да знаете
Последни објави