Search

ОН апелира: Престанете да убивате цивили во Авганистан

ОН денеска изрази длабока загриженост поради информацијата дека авганистанските безбедносни сили убиле 11 цивили во провинција во близина на границата со Пакистан.

Расте бројот на цивилни жртви во Авганистан, и покрај обидите на САД и талибанците да постигнат договор за прекин на 18-годишната војна.

Главната владина безбедносна агенција тврди дека мета на операцијата било засолниште на талибанците и меѓу 11-те убиени милитанти имало и двајца команданти.

Мисијата на ОН за помош во Авганистан објави дека е длабоко загрижена поради убиствата во таа операција, а целиот случај го истражува тим за заштита на човековите права.

– Насилството врз цивилите мора да заврши, напиша мисијата на Твитер.

ОН наведува дека во првата половина на годинава се убиени и повредени речиси 4.000 цивили.

Треба да знаете
Последни објави