Search

ОН: Ако сакате да ја спасите планетата, станете вегетаријанци и воведете данок на месото

Според најновиот извештај на Обединетите нации, ако сакаме да ја спасиме планетата треба да да станеме вегетаријанци и да воведем данок на месните производи, пишува „Тајмс“.

Користејќи го месото кое се произведува во лабораторија, ќе ги намлиме штетните последици по околината, кои настануваат поради масовното одгледување на стоки за чија исхрана и одржување се користи 77 отсто од светското земјоделско земјиште, се наведува во глобалниот извештајот на ОН за состојбата на животната средина.

Исто така, во извештајот се споменува и како данокот на емисиите на стакленички гасови, кој би се применил на прехранбените производи, на големо би помогнал при намалување на споменатите гасови и би помогнал во сочување на природните живеалишта кои забрзано се уништуваат поради развојот на месната индустрија.

Таквиот тип на данок, според извештајот на ОН, би се намалил поради слабата конзумација на месо, за време на следната година емисиите на стакленички гасови за некои милијарди тони и со тоа значајно би придонел за глобално здравје на населението.

Треба да знаете
Последни објави