Search

Онлјан настан „Дијалози за Дигиталната агенда”

Во организација на Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис денеска ќе се одржи онлајн настан „Дијалози за Дигиталната агенда”.

Настанот се организира во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА”, ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во шест држави: Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија.

На настанот ќе биде претставен проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА” и мрежата ИЦЕДА како и Дигиталната агенда за Западен Балкан.

– Значењето на зголеменото учество на граѓаните при спроведувањето на Дигиталната агенда за Западен Балкан ќе биде претставено преку презентација на Извештајот за тековната состојба и патоказот за унапредување на Дигиталната агенда во Република Северна Македонија кој е резултат на истражување спроведено од страна на Фондација Метаморфозис, посочуваат организаторите.

Настанот, посочуваат организаторите, ќе служи за развивање на дискусија за придобивките и предизвиците од спроведувањето на Дигиталната агенда во Северна Македонија во денешен контекст, од што ќе произлезат заклучоци кои Фондација Метаморфозис ќе ги земе предвид при спроведување на своите понатамошни активности.

Најавено е учество на Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација, Фрејк Јанман, раководител на секторот за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработка при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис.

Треба да знаете
Последни објави