Search

Онлајн промоција на новите воспоставени канали за информирање на Фондацијата Метаморфозис

Фондацијата Метаморфозис денеска ќе ги промовира новите воспоставени канали за информирање. Настанот е насловен  Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, а ќе се одржи онлајн на платформата Зум. 

На настанот ќе се обратат претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, претседателката на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите на Македонија, Катерина Синадиновска, националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

Настанот се организира како дел од проектите „Брз одговор на дезинформациите” и „Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ”.

Треба да знаете
Последни објави