Search

Онлајн настава и во два по полноќ

Лекции пристигнуваат и во два па и четири по полноќ, задачи на вибер групи и во 12 часот на полноќ од наставничките, па нивно барање да се одговори рано наутро или до 12 часот следниот ден. Ова се само дел од реакциите на родителите за учењето на „далечинско“ кои деновиве стигна до нашата редакција. 24 инфо се обиде да исконтактира и со родителите и со наставниците, но и со ресорното министерство и да ги види проблемите со кои се соочуаат и едните и другите. За родителите е несватливо како може наставник да прати задача во два по полноќ.

– Родител сум на дете кое е во осмо одделение. Генерално немаме проблем со учењето на интернет. Сама ги завршува обврските. Но не можам да разберам како може задача за наредниот ден да се прати во три по полноќ. И истата да се бара да биде одговорена решена и проследена наредниот ден до 12 часот- вели една мајка од училиште во централното градско подрачје.

За друг родител пролем е барањето од наставничката секоја задача да се испечати, да се одговори на лист,да се фотографира и испрати.

-Ако наставниците имаат проблем со алатките на интрнет кој се користат за он лине учење треба да побараат помош. Документот може да се прати и на него веднаш да се работи. Не гледам причина за вакво примитивно барање од нивна страна- вели мајка на третооделенец. Таа реагира и дека наставничките ги нема цел ден, а задачите ги испраќаат во вечерните часови.

-Работам во банка и сега работам од дома. Како да му помогнам на детето да заврши се до 12 кога сум на работа, а задачата е испратена во 22 часот преходниот ден.

Во Министерството за образование ни рекоа дека до сега до нив немало реакции од родитеи за ваков проблем но апелираат задачите да се праќаат во разумно време.

-До МОН досега нема реакции од родители и ученици за времето на распределба и роковите за реализација на доделени задачи согласно наставните планови и програми. Сепак, доколку постојат вакви ситуации, апелираме сите обврски и активности кои произлегуваат од задолжителното далечинско учење да се планираат и реализираат во разумен период од денот и задачите да се доделуваат со доволен временски рок за исполнување од страна на оние за кои се наменети. Секој наставник е должен да го организира своето време, исто како кога работата ја реализира со физичко присуство во училиштето и училницата- велат во МОН.

По однос на учениците од завршните години во средните училишта и матурата, информираме дека се уште се разгледуваат повеќе опции околу начинот на спроведувањето на матурата, а конечната одлука ќе зависи од приликите кои ги наложува актуелната состојба. Во секој случај ниеден ученик нема да биде оштетен, нивниот најдобар интерес ќе биде земен во предвид при одлучувањето.

Што се однесува до обезбедувањето материјали, велат дека во моментов во училиштата се организирани дежурства, односно училиштата се отворени секојдневно, така што секој кој има потреба од било што може да се обрати до службите.

(В.А.)

 

Треба да знаете
Последни објави