Search

Онана на мета на Рома и Јунајтед

Голманот на Ајакс Андре Онана е на мета на Рома и Манчестер Јунајтед кои го посакуваат Камерунецот во својот тим.

Рома го посакува во своите редови Онан поради незадоволството од својот сегашен голман Швеѓанецот Робин Олсен. „Ѓаволите”, пак, го сметаат достојна замена за Давид Де Геа кој одби да го продолжи договорот со Јунајтед.

Онана, оваа сезона имаше одличен учинок, односно неговата мрежа не беше допрена во 22 од вкупно 55 натпревари, податок кој доволно говори дека е меѓу најзаслужните за двата државни трофеи на клубот од Амстердам и за учеството Лигата на шампионите.

Ајакс има договоро со својот клуб до 2022 година, но подготвен е да го ослободи за понуда која би изнесувала над 35 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави