Search

ОМ со честитка по повод Националниот ден на Власите

Ми претставува особено задоволство, од името на Обединети за  Македонија, да упатам честитка до припадниците на влашката заедница по  повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.

Македонските Власи, несебично низ историјата дадоа многу личности кои  придонесоа за подобро македонско општество.

Ви благодариме што и вие заедно со нас, обединети, како и другите  етноси во Македонија, придонесувате за нејзино развивање.

Нека заедништвото ни биде чекор напред кон подобра и просперитетна држава.

Честит Национален ден на Власите!

Треба да знаете
Последни објави