Search

ОМ: Одговорност за вандалите кои ја уништија спомен-плочата на Тома Давидов

На 15.03 група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени,  Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО – Тома Давидов. За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали.

Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам  и непочитување на сопствената историја. Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење на  нашата историја.

Затоа, упатуваме апел до Министерството за внатрешни работи да го  расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред  Законот. Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за  ослободување.

Треба да знаете
Последни објави