Search

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на  борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите македонски граѓани  им го честита  2 Август – Илинден.

Илинден е симбол на македонскиот непокор, на борбата за слобода и  правдини. Пред 117 години, револуционери и идеалисти го кренаа  Востанието, со чиста мисла и желба за автономија и човечки правдини.  Илинден е и инспирација и паметник за македонските генерации, ден кога  ги славиме и се присетуваме на голем број на револуционери и борци за  независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните  страници од историјата на македонскиот народ.

Денес, гoрдo и хрaбрo чекoриме нaпред, потсетувајќи се на славното  минато,  рaзмислувајќи  зa пoдoбрo утре. Како нов Илинденски патоказ  денес се бориме за европска и евроатланска интеграција на нашата земја.

Пред нас е и нова борба –  за современа, просперитетна и економски  напредна Македонија, во чекор со земјите на НАТО и европските држави.  Доколку борбата на нашите предци била создавање на независна  македонска држава, нашата борба е да ја зачуваме и да и го трасираме  патот кон економски напредок и просперитет, кон ЕУ, каде што природно  припаѓаме.

Во таа нова, современа битка, ОМ  со новата сила и нова енергија, со  стратегија и силен мотив ќе опстојува на  заложбите на Илинден- за  слободна, самостојна и економски силна Македонија.

Нека е честит и вековит Илинден!
Нека е Вечно делото на Илинден!
Нека е вечна славата на борците за слободна и независна државност!
Нека е вечна нашата татковина Македонија!

Треба да знаете
Последни објави