Search

Сомнителни донации на партиската смета, покрената истрага за кампањата на Макрон

Француското државно обвинителство покрена истрага за потеклото на 144.000 евра потрошени во рамки на ланската предизборна кампања на претседателот, Емануел Макрон, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван извор од обвинителството.

Изворот наведе дека истрагата е покрената, откако француската Национална комисија за предизборни банкарски сметки и политичко финансирање, не успеала да им влезе во траг на одредени донации во форма на чекови и уплата по електронски пат на сметката на партијата на Макрон.

Се наведува дека овие средства од непознато потекло чинат мал дел од средствата што Макрон ги потрошил за време на кампањата, а според податоците на ЦНЧФП, актуелниот француски претседател за потребите на кампањата собрал 16,8 милиони евра, што е под лимитот пропишан со францускиот закон. Речиси цел износ бил потрошен во предизборието.

 

Треба да знаете
Последни објави