Search

Омилената маица за вежбање на принцезата Дијана продадена за 43.000 фунти

Принцезата Дијана во опуштено издание често ја носеше својата омилена фитнес-маица. Широката, темносина кошула има лого на „Виргџн Атлантик Варга грл“, а принцезата редовно вежбала во неа.

По смртта на Дијана во 1997 година, маицата како спомен ја добила нејзината лична тренерка Џени Ривет. Таа неодамна маичката ја стави на продажба.

„Иако се обиде да не биде впечатлива, на крајот тоа парче облека стана култно, нешто по што беше препознатлива. Секогаш ја носеше за вежбање “, рече Ривет.

Таа објасни дека маичката на принцезата ѝ била како „ќебе”, ги покривала нејзините облинии, а Дијана намерно ја носела за да се ослободи од фотографите, но и од коментарите за облеката што ја носела.

Маицата беше купена на аукција од страна на таен обожавател за 42.700 фунти со што маицата на Дијана стана најскапото парче облека за вежбање.

Треба да знаете
Последни објави