Search

ОМД: Стапување во сила на закони без потпис на претседателот го урива уставниот поредок

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го осудува, како што велат, самоволието на нелегитимниот претседател на Собранието на Република Македонија, односно едностраното потпишување на два укази со кои Законот за јазици и Преспанскиот договор стапуваат во сила, без потпис и одобрение на претседателот на државата. Според ОМД, таквото прекршочно дело мора да биде предмет на Уставниот суд во однос на повеќекратна злоупотреба на службена должност предвидена со деловникот за работа и уставниот поредок на Република Македонија.

„Нелегитимниот претседател на Собранието Талат Џафери има право да ја извршува улогата на претседател на држава единствено во вонредна ситуација кога претседателот на Република Македонија не е во можност, со претходно доделена ингеренција од страна на Уставниот Суд кој има обврска да ја провери и потврди неможноста на шефот на државата да ја извршува својата функција. Се додека претседателот на Република Македонија е во непопречена состојба да ја извршува својата надлежност, едностраното потпишување на указ со кое се заобиколува највисокиот чин во државата, поддлежи на поништување и правно оневозможување на указот да стапи во сила на законска обврска“, велат од ОМД.

Согласно законите на Република Македонија, додаваат од таму, со преседанот на еднострано потпишување на указот за Законот за јазици и Преспанскиот договор, не само што нелегитимниот претседател на Собранието Талат Џафери поддлежи на кривична одговорност, туку и директорот на Службен весник Мартин Костовски и Уставниот Суд, кои се сметаат за соучесници во уривањето на уставниот поредок, особено на членот 8 со кој се дефинираат основните државни вредности.

„Со цел запазување на уставниот поредок, ОМД го повикува Уставниот Суд да го поништи бесправното носење на закон, со кој Република Македонија не само што се карактеризира за депотистичка земја во која власта се (само)издига над уставните органичувања, туку ја губи својата унитарност и сувереност“, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави