Search

ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) соопшти дека е поништена резолуцијата 602 поднесена на 1 август 2018 од страна на сенаторите Крис Марфи и Рон Џонсон во Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат, а за поддршка на преспанскиот договор.

„Резолуцијата 602 преку интерпретација на сите неистомисленици на преспанскиот договор како анти-западно ориентирани активисти под про-руско влијание, кои одбија да го валидизираат насилието со глас ‘за’ на консултативиот и манипулативен референдум за промена на уставното име и идентитет на Република Македонија, имаше за цел да ја оправда меѓународната интервенција во спроведувањето на преспанскиот договор. Преку повикување на основното човеково право на самоопределување и изнесување на факти кои го негираат и анулираат руското влијание во Македонија, ОМД на правен и дипломатски начин на застапување на националните интереси, успеа да издејствува поништување на резолуцијата 602, која имаше за цел да ја помогне присилната промена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија како безправна разрешница на 27-годишниот билатерален спор со Грција“, велат од ОМД.

Покрај резолуцијата 602, од таму велат дека оствариле победа и врз резолуцијата 804,  претставена на 22 март 2018 година од страна на про-грчкиот конгресмен Каролин Маноли, кој, како што велат, тврдел дека „Македонија е, била и ќе остане грчка“.

„Несогласувањето со резолуциите 602 и 804, ОМД, како и македонско-американската заедница, го изрази по правен и дипломатски пат на директни средби, проследување на официјални писма и телефонски разговори со сенаторите и нивните советници за надворешна политика, како и со членови на Претставничкиот Дом на САД, од страна на тимот на ОМД задолжен за застапување на интереси со седиште во Вашингтон“, велат од ОМД.

Треба да знаете
Последни објави