Search

Олимпијакос губеше 0:2 против Тотенхем, но освои бод

Европскиот вицешампион, Тотенхем пропушти голема шанса со победа да ја стартува новата сезона на Лигата на шампионите, откако на гости кај Олимпијакос одигра 2:2, откако имаше водство од 0:2.

Домаќините тргнаа без страв, играа офанзивно и креираа многу шанси, но на гол први се радуваа Англичаните. Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн во 26 минута изнуди пенал, кој самиот го реализираше.

Само четири минути подоцна Лукас Моура ги доведе Англичаните во водство од 0:2.

Но, борбената игра на избраниците на Мартинс конечно дојде до израз и во самиот финиш од првиот дел Поденсе погоди за 1:2. Само што започна вториот дел искусниот Валбуена беше прецизен од белата точка и Олимпијакос израмни на 2:2.

До крајот на мечот мрежите мируваа и двете екипи со по бод ја започнаа новата сезона на Лигата на шампионите.

Ова реми им одговара на Баерн и Црвена ѕвезда кои се во истата група.

Во другиот меч од 18.55 часот, Бриж и Галатасарај одиграа 0:0. Тоа беше дуел од групата А, во која фаворити се ПСЖ и Реал Мадрид. Првото коло ќе се комплетира вечерва пред 23 часот, откако ќе се одиграат останатите шест дуели од денешната програма.

 

Треба да знаете
Последни објави