Search

Оливера Балашевиќ три месеци по смртта на пејачот: Се борам, морам

Три ипол месеци после смртта на сопругот Ѓорѓе Балашевиќ, писателката Оливера Савиќ Балашевиќ приреди претставување на книгата „Планета на дворот“, а на промоцијата се пристеи на првата средба со пејачот, но и последниот чардаш кој ѝ го извел под прозор.

Промоцијата течела многу емотивна, а Олја не ги криела солзите. Поттикната од ракоплескањето, зборувала и за својот покоен сопруг.

Во интервјуто за „Глориа“, сопругата на Балашевиќ откри како се носи со болката и во што пронаоѓа причина за насмевка.

-Ние двајца никогаш не престанавме да бидеме едно. Така сме воспитани, научени сме дека личните, емотивни доживувања се држат во себе, се носат во себе. Сето тоа е комплексно, но сега е така. Се борам, морам. Тука се моите деца, моите две внуки Симона и Петра – раскажа таа и додаде:

-Ѓоле е во сите наши спомени и сеќавања, а во секое негово дело се нашите приказни и нашите насмевки. Многу сум горда на своите деца, на нивното држење и истрајност. Начинот на кој тие, со огромно разбирање за мене, се ношат со нашата загуба е охрабрувачки и поттикнувачки, рекла таа.

Преземено од Press24

Треба да знаете
Последни објави