Search

Оксфорд: 30 милиони британци биле заразени од корона, поголем број од граѓаните се излекувале !

Научниците од Оксфорд веруваат дека коронавирусот заразил половина од британската популација, повеќе од 30 милиони луѓе, но дека голем број од граѓаните веќе се излекувале од вирусот.

Според „ Financial Times” ако оваа теорија се покаже како точна, тогаш би можела драстично да се менува стратегијата на борбата против ширење на коронавирусот во светот.
Наводите на научниците од Оксфорд сугерираат дека вирусот циркулирал во Велика Британија на средината од јануари, околу две недели пред првиот пријавен случај и месец дена пред првата потврдена смрт од коронавирус.
Доколку тврдењата од оваа студија, која ја водела докторката Сунерта Гупта, професор по теоретска епидемиологија се покажат како точни, тоа ќе значи дека на помалку од еден човек на илјада заразени од коронавирус му е потребно болничко лекување, поради тоа што поголем број од заболените имаат благи или никакви симптоми.
Докторката Гупта во разговор за „ Financial Times” порачала дека е потребно тестирање за да се процени во која фаза епидемијата во моментов се наоѓа во Велика Британија.
Таа изразиле и скепса кон ставовите на лондонскиот „Империјал колеџ“ од каде досега се диктирал пристапот до решавање на епидемијата на начин да се воведе карантин во благ или во построг облик.
„Изненадена сум што дојде до некритичко прифаќање на оваа студија“, изјавила Гупта.
Британија набавила 3,5 милиони брзи тестови на коронавирус и во следите денови се очекува да започне со масовно тестирање, луѓето ќе можат да се тестираат во своите домови.

Треба да знаете
Последни објави