Search

Оксфорд: Нашата вакцина делува кај постари и помлади луѓе

Вакцината против коронавирусот на универзитетот Оксфорд и компанијата АстраЗенека дава резултати кај постари и помлади лица покажаа најновите истражувања објавени денеска.

Британскиот производител на лекови АстраЗенека, кој учествува во развојот на вакцината, објави дека ова откритие може да ја „смени играта” во борбата против коронавирусот.

– Охрабрувачки е да се види таков силен имунолошки одговор кај млади и стари луѓе. Кај најстарите граѓани, успешноста беше малку пониска, но тие спаѓаат во најризичната група, изјави денеска портпарол на АстраЗенека.

И покрај фактот дека истражувањето сè уште не е достапно за јавноста, Оксфорд издаде соопштение, кое предизвика радост кај нацијата, коментира „Дејли меил”.

Излегува дека најдобриот имунолошки одговор против Ковид 19 го развиле постари лица, а студијата покажала дека вакцината предизвикала создавање на антитела и Т-клетки, кои се клучни во борбата против Ковид-19, особено кај луѓето постари од 55 години.

Претходните истражувања покажаа дека вакцината дава добар имунолошки одговор кај помладите луѓе.

„Дејли меил” додава дека ова откритие не гарантира дека вакцината ќе спречи ширење на Ковид-19, но тоа е најдоброто нешто што досега се појави во Велика Британија и секако ги зголемува шансите за одбрана од коронавирусот.

Вакцината е во третата фаза, волонтерите добија доза и сега чекаат некој од нив да се зарази случајно, за да се провери дали вакцината е навистина ефикасна.

Ако сè оди како што треба, вакцината би можела да биде достапна за јавноста во пролет 2021 година.

Министерот за здравство Мет Хенкок денеска одби да каже дали најризичните групи ќе примат вакцини пред Божиќ

Треба да знаете
Последни објави