Search

Околу 5,5 милиони жители на Јужен Судан се соочуваат со глад

Сушата и поплавите во Јужен Судан предизвикаа политичка нестабилност и закана од глад за околу 5,5 милиони жители, соопшти Светската програма за храна на Обединетите нации и предупреди дека итно се потребни 270 милиони американски долари за да се обезбеди храна да се спречи глад во првата половина на 2020 година.

Директорот на светската програма за храна во Јужен Судан, Метју Холингворт, истакна дека ако веднаш не се достави храна до погодените подрачја од поплавите тогаш жителите и во следната година ќе се соочат со глад.

По неколкумесечните поплави, во неколку области е прогласена вонредна состојба.

Жителите на Јужен Судан се соочуваат и со болести пред сè колерата што се пренесува преку нечиста вода.

Јужен Судан, кој е богат со нафта, стекна независност од Судан во 2011 година по еднодецениската војна во која загинаа околу 400.000 луѓе, а милиони беа раселени. Во 2013 година во земјата изби граѓанска војна, а меѓуплеменските борби се и понатаму присутни.

Треба да знаете
Последни објави