Search

Околу 3,5 милиони Украинци ќе имаат потреба од хуманитарна помош во 2019 година

Годинава околу 3,5 милиони граѓани на Украина можат да имаат потреба од хуманитарна помош, посочи помошник генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и заменик-координатор за итна помош, Урсула Милер, на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина во вторникот.

„Цивилите и понатаму плаќаат највисока цена. Повеќе од 3.300 цивили се убиени, а 9.000 беа повредени од почетокот на конфликтот во 2014 година”, рече таа.

„Во 2019 година, 3,5 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна помош и заштита, од кои многумина се постари лица, жени и деца. За повеќето од нив, влијанието на конфликтот се продлабочи”, продолжи официјалниот претставник на ОН.

Милер, исто така, рече дека само во 2018 година, 89 инциденти влијаеле врз водоводнита и канализациската инфраструктура, а во последните 12 месеци, 12 работници на водоводот биле повредени во непријателски напади и експлозии на мини.

Треба да знаете
Последни објави