Search

Околу 300 возачи санкционирани во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција изрекла 299 мерки.

Од нив, 34 се за возење без дозвола, 29 за користење мобилен телефон за време на возењето и 23 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и 95 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 65 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 10 санкции.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави