Search

Околу 16.000 луѓе може да ги загубат животите само во Њујорк, предупредува гувернерот на државата Њујорк

Околу 16.000 луѓе можат да ги загубат животите од коронавирусoт во  Њујорк, изјави гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.

Куомо ги предупреди другите делови на земјата да внимаваат што се случува во Њујорк.

„Погледнете не и видете се утре себеси”, рече тој.

Бројот на починати од вирусот во Њујорк достигна 1.941, што е скоро половина од бројот на смртни случаи во целата држава. Има најмалку 83.712 потврдени случаи во државата и тие ќе се зголемат, рече Куомо.

Врвот на локалната епидемија може да се очекува кон крајот на април, наведе тој. Тогаш во Њујорк ќе бидат потребни 110.000 болнички кревети и 37.000 апарати за дишење, а сојузната влада испорачала само 4.000.

Кумо најави дека детските игралиштата во градот Њујорк се затвораат како дел од мерките за физичка оддалеченост.

„Кој друг треба да умре за да открие дека имате одговорност?”, Рече Кумо.

Тој призна дека е загрижен за неговиот брат, Крис Куомо, кој е водител на Си-Ен-Ен и тестиран позитивно за коронавирусот.

„Не можев да го заштитам мојот брат. Секој може да ја допре оваа болест”, рече Куомо.

Во САД смртните случаи од новиот коронавирус се 4.100 до денеска, што е речиси двојно во однос на саботата.

Во САД  има 190.700 случаи на заразени, најмногу во светот.

Треба да знаете
Последни објави