Search

Околу 100.000 американски деца се заразиле со коронавирус за две недели

Речиси 100.000 американски деца добиле позитивен резултат на тест за коронавирус во период од две недели, открива новиот извештај на Американската академија за педијатрија.

Имено, во последните две недели од јули (16-30 јули) кај малку повеќе од 97 илјади деца било потврдено присуство на коронавирусот.

Во САД има речиси 5 милиони заразени лица, а повеќе од 338.000 од нив се деца, пренесува Си-би-ес.

Тина Хартрт од универзитетот Вандербилт се надева дека зголеменото тестирање на децата ќе помогне да се утврди нивната улога во пренесувањето.

Во Њујорк, американскиот град со најголем училишен систем, градоначалникот Бил де Бласио најави враќање на децата на училиште.

„Експертите проучуваа примери од целиот свет за да ја сочуваат училишната заедница. Прво мора да го заштитиме здравјето, а потоа да ги едуцираме нашите деца“, рече Де Бласио на прес-конференција.

Само во јули, 25 деца починале од коронавирусот во САД.

Треба да знаете
Последни објави