Search

Оклахома го реши Милвоки, Харден не запира, меч на кариерата на Зубац

Оклахома Тандер ги совладаа Милвоки Бакс (118:112), Хрватот Ивица Зубац го одигра најдобриот меч во НБА кариерата, а Џејмс Харден одново броеше преку 35.

Двете најголеми ѕвезди на Оклахома, Расел Вестбрук и Пол Џорџ ја добија битката со Јанис Адетокумбо, во НБА дербито кое се одигра изминатата ноќ во НБА лигата. Оклахома победија 118:112, во натпревар во кој Вестбрук забележа нов трипл-дабл (13 поени и скокови и 10 асистенции), а Пол Џорџ запиша 36 поени и 13 асистенции.

На спротивната страна Адетокумбо натпреварот го заврши со 27 поени, 18 скока и 4 асистенции.

ЛА Лејкерс без Леброн Џејмс, Кајл Кузма и Лонзо Бол славеа во дуелот со Финикс Санс 116:102. До победата ги предводеше хрватскиот центар Ивица Зубац со 24 поени, 16 скока и 4 блокади. Кај Финикс се истакна Девин Букер со 21 поен.

Хјустон и Џејмс Харден беа подобри од Орландо Меџик 103:98. Харден забележа 40 поени, 11 скока и 6 асистенции. Ова е 23 натпревар во низа на кој „Брадат“ постигнува најмалку 35 поени. Црногорецот Никола Вучевиќ кај поразените запиша 19 поени и 17 скока.

Лука Дончиќ продолжи да ги поместува границите во НБА лигата. Тој против Торонто Репторс го забележа вториот трипл-дабл во кариерата.

Словенецот натпреварот, кој му припадна на Репторс (123:120) го заврши со 35 поени, 12 скока и 10асистенции. Дончиќ влезе во НАб историјата како најмлад играч кој на два натпревари забележал трипл-дабл.

Сан Антонио Спарс убедливо славеа над Вашингтон Визардс 132:119. Ламаркус Олдриџ со 30 поени и 9 скока беше предводник на екипата до Тексас.

Јута Џез ја забележаа треата победа во низа, осма на последните девет натпревари. Џезерите ги победија Минесота Тимбервулвс 125:111. 29 коша во победата постигна Донован Мичел.

Мајами Хит славеа во Њујорк 106:97, а Кливленд Кавалирс беа подобри од Чикаго Булс 104:101.

Екипата на Лос Анџелес Клиперс пред домашната публика успеа да триумфира над Сакраменто со резултат 122: 108.

Треба да знаете
Последни објави