Search

„Оклахома“ влезе во серија, втора победа за „Рокетси“

Кошаркарите на „Оклахома Сити“ по четирите порази на стартот ноќеска ја забележаа и четвртата победа во серија и сега имаат половичен учинок на почетокот на сезоната. Жртви на „Тандерс“ беа „Вашингтон Визардс“ кои загубија убедливо со 111:134 за седми пораз од осум натпревари.

Гостите победиј благодарение на добрата колективна игра, што не е нивното најсилно оружје, во која петмина постигнаа по двоцифрен број на поени. Најдобар беше Расел Вестбрук со 23 коша, 12 асистенции и три скока, а Цереми Грант додаде 22 поени, со по четири скока и асистенции. Пол Џорџ имаше учинок од 17 коша, седум асистенции и четири скока, додека кај домаќините најдобар беше Бредли Бил со 27 коша, а ветеранот Двајт Хауард додаде 20.  

Едно од најголемите разочарувања, тимот на „Хјустон Рокетс“, пак, победи по втор пат сезонава и тоа против „Бруклин Нетс“ на гостински терен со 111:119. Победата ја остварија без својот најдобар играч, Џејмс Харден, кој е повреден, но затоа четворица кошаркари постигнаа 103 коша. Најдобар беше Крис Пол со 32 коша, 11 асистенции и 7 скока, а конечно проработе новата ѕвезда на тимот, Кармело Ентони со 28 коша и четири скока. За поразените најефикасен беше Карис ЛеВерт со 29 коша.

Во еден од поинтересните натпревари ноќва, „Индијана Пејсерс“ во драматична завршница славеше во Чикаго со 107:105. Виктор Олапидо беше најдобар кај гостите со 25 коша, 14 скока и пет асистенции, додека кај „Булси“, Зак Лавин имаше 20 коша, пет асистенции и шест скока.

„Далас Маверикс“ загубија на домашен терен со 106:118 од „Њујорк Никс“, што е нивни шести пораз во низа. Најдобар кај гостите, чија клупа постигна 65 поени, а меѓу нив и Алонзо Триер со 23 коша, колку што на спротивната страна имаше и Денис Смит Џуниор. Дебитантот во НБА; Словенецот Лука Дончиќ одигра уште еден добар натпревар за поразените, со 18 коша, шест асистенции и девет скока.

Актуелниот шампион „Голден Стејт“ без проблеми ја постигна седмата последователна победа сезонава и тоа на домашен терен против „Минесота Тимбервулфс“ со 116:99, со 33 коша и 13 скока на Кевин Дурант. Кај гостите најефикасен беше Ендрју Вингс со 22 поени.

На останатите натпревари се постигнаа следниве резултати: „Феникс Санс“- „Торонто Репторс“ 98:107, „Орландо Меџик“-„ЛА Клиерс“  95:120 и „Јута Џез“-„Мемфис“ 100:110.

Треба да знаете
Последни објави