Search

Озонската обвивка над северната хемисфера ќе се обнови до 2030 година

Озонската обвивка што не штити од ултравиолетовото зрачење на сонцето се опоравува, покажува студијата на ОН „Scientific Assessment of Ozone Depletion: 2018″ објавена пред неколку дена.

„Според сегашните проекции, озонскиот штит над северната хемисфера и средната географска широчина би требало целосно да се обноват до 2030 година. Целосната реставрација на јужната хемисфера се очекува до 2050 година, а најмногу време ќе треба за поларните области кои треба да бидат целосно обновени до 2060 година, тврдат научниците во извештајот.“

Оптимистичките вести испратени од ОН се важна порака дека државите и владите заеднички, во овој случај преку Монтреалскиот протокол, можат да ги сменат опасните трендови во природата предизвикани од човековата активност.

Луѓето со децении во атмосферата неконтролирано испуштаа големи количини на хлорофлуоројаглероди (CFC), популарно наречен фреони, кои се користат во системите за ладење, како потискувачки гасови во спрејови како што се дезодоранси, парфеми, лакови за коса, во медицинските препарати. Фреоните исто така се покажа корисни во индустријата за мебел, за производство на пластика и во индустријата на полиуретанска пена за изолација.

Иако податоците објавени од ОН се охрабрувачки, а голем број забранети гасови повеќе не се користат, во извештајот се наведува кршење на протоколот-неочекувано зголемување на производството на емисиите на хлорофлуоројаглеводороди е снимен над источна Азија од 2012 година. Досега нема прецизни податоци за тоа која земја или земји емитуваат забранети гасови. Ако нивните емисии продолжи со истото темпо, реставрација на озонската обвивка над поларните региони и  средната географска широчина ќе биде забавена и одложена за седум до 20 години, предупредуваат научниците.

Треба да знаете
Последни објави