Search

Ози Озборн откри дека боледува од сериозна болест

Познатиот музичар Ози Озборн (71) во интервју за „Добро утро Америка“ зборуваше за неговото здравје и откри дека страда од Паркинсова болест, која му била дијагностицирана во февруари 2019 година.

Тој истакна дека изминатиот период бил тежок за целото семејство.

„Откако ја одработив новогодишната ноќ (2019) претрпев сериозен пад. Морав да одам на операција на вратот, за време на која ми беа оштетени одредени нерви“, рече легендарниот рокер.

За време на интервјуто, на кое присуствуваше и неговата сопруга Шерон, тој откри дека боледува од Паркинсова болест тип 2, пренесува британски „Метро“.

„Имате добар ден па добар ден, а потоа многу, многу лош ден“, објасни неговата сопруга Шерон.

По повредата, Ози ги откажал настапите и светската турнеја и се посветил на лекувањето.

Ова е прв пат Ози да потврди дека има болест за која долго се нагаѓаше. Тој додаде дека не знае дека чува тајни и затоа решил да зборува отворено за сè.

Треба да знаете
Последни објави