Search

Озил проговори за неправдите во Арсенал

Англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал не го пријави германскиот интеранционалец Месут Озил за настапите во новата сезона од Премиерлигата. Германскиот фудбалер не е во плановите на тренерот Микел Артета, по што фудбалерот реши да се јави во јавност со порака.

Клубот му се налути зашто Озил не прифати помала плата, па сега тој го прекина молкот и им се обрати директно на навивачите.

-Тешко ми е ова да го напишам до навивачите на Арсенал за кои играв минатите години. Многу сум разочаран затоа што не добив шанса да играм во Премиерлигата. Откако во 2018 година потпишав нов договор, прифатив верност кон клубот кој го сакам и тажен сум што не ми е исполнета желбата. Се обидов да останам позитивен, се надевав на шанса, па поради тоа молчев досега. Работите се променија. Не ми дозволија да играм за Арсенал. Што да кажам? Лондон го чувствувам како дом, имам пријатели. Без оглед на тоа, нема да дозволам мојата осма сезона во клубот да заврши вака. Ќе тренирам и ќе го кренам својот глас против нехуманоста, порача Озил.

Треба да знаете
Последни објави