Search

Од 917 новозаболени за една недела само 312 имале контакт со потврден случај

Помалку од две третини од новозаразените со Ковид 19 во изминатата недела немале контакт со потврден случај на заболен од вирусот, покажува сатистиката на Сектор за превенција и контрола на заразни болести при Институтот за јавно здравје.

Според ИЈЗ, за една недела тестирани се вкупно 8.422 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 917 нови позитивни случаи од 25 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=421; 45,9%) и Тетово (n=94; 10,3%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 29.06-05.07.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 421 26
Тетово 94 4
Штип 60 1
Куманово 51 4
Струга 50 4
Гостивар 44 2
Охрид 38 1
Прилеп 23 1
Ресен 22
Свети Николе 19
Кичево 18
Дебар 18
Велес 12
Битола 12
Пробиштип 11
Кавадарци 6
Кочани 6
Гевгелија 2
Крива Паланка 2
Македонски Брод 2
Струмица 2
Виница 1
Крушево 1 1
Кратово 1
Берово 1 1
Неготино 0 1
Вкупно 917 46

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 210 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 50-59 (n=182; 19,8%), 30-39 години (n=168; 18,3%) и од 40-49 (n=159; 17,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=38; 4,1%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 406 (44,3%) лица од женски и 511 (55,7%) од машки пол. Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=837; 91,3%), регистрирани се 112 (13,4%) хоспитализирани, а кај 209 (25,0%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 312 (37,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 14 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 46 смртни случаи од 11 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=31; 67,4%). Од починатите, 44 биле хоспитализирани, а 2 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 38 починати лица.

Треба да знаете
Последни објави