Search

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Велес- Градско

Поради санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско, транзитен дел низ Велес, од утре ќе има времено изменет режим на сообраќај.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), овој режим на сообраќај ќе биде воспоставен се додека траат градежните работи.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави