Search

Од утре автобусите на ЈСП бесплатно ги отвораат вратите за пензионерите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) соопшти дека од утре пензионерите ќе можат повторно да ги користат бесплатно во градските автобуси. Пред да биде воведена вонредната состојба и сетото мерки за борба прптив пандемијата со коронавирусот пензионерите бесплатно се возеа во вторник, петок, сабота и недела.

По два месеци пауза пензионерите повторно без да плаќаат ќе ги користата услугите на градскиот превоз.

-Информираме дека од петок (28.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, соопшти ЈСП.

Од ЈСП за одлуката да ги отворат вратите на своите автобуси за бесплатен превоз на пензионерите, иако битката со короанвирусот не е завршена, а токму повозрасните граѓани се во поризичната група, велат дека ја донеле во конслултација со надлежните институции.

Треба да знаете
Последни објави