Search

Од Турција во Франција депортирани 11 припадници на ИД

Турција депортираше 11 француски државјани за кои постои сомневање дека се членови на ИД, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

За „странските терористички борци” се вели дека биле вратени во матичната земја, но нивните идентитети не се наведени.

Минатиот месец Анкара го засили процесот на враќање на лицата за кои постои сомневање дека се странски припадници на ИД од турските затвори или од Сирија, со изговор дека Турција „не е хотел” за странски борци.

Депортирани се повеќе од 60 такви странци, вклучително и осомничени припадници на ИД од САД, Данска, Германија, Ирска и Холандија.

Треба да знаете
Последни објави