Search

Од Триполи евакуирани 3.000 камили поради ракетни напади

Од главниот град на Либија, Триполи, беа евакуирани 3.000 камили, по ракетен напад врз градското пристаниште кој беше спроведен минатиот вторник.

Камилите биле изнесени од Триполи кратко после полноќ во средата и пеш по автопат дошле до градот Завија, на околу 45 километри западно од Триполи, во четвртокот наутро, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на изјава од локален трговец.

Тој додал дека локална вооружена група украла 125 камили додека минувале во предградие на Триполи.

Репортер на „Ројтерс“ видел околу 20 камшикари кои се обидувале да ги скротат камилите кои се сакале да дојдат до храна околу патот кога го напуштале центарот на Триполи.

Безбедносните сили привремено го затвориле патот за да можат камилите да поминат.

Трговецот рекол дека камилите ги купил друг бизнисмен од Завија.

Пристаништето во Триполи, во близина на центарот на градот, беше бомбардирано во вторникот од силите лојални на генералот Калифа Хафтар, кои започнаа офанзива за заземање на главниот град пред 10 месеци. Триполи инаку се смета за седиште на меѓународно признатата либиска влада.

Треба да знаете
Последни објави