Search

Од Тетово месецов продолжуваат консултативните средби за законот за младинско учество

Агенцијата за млади и спорт денеска во Тетово ги продолжи консултативните средби со младинските организации и партиски подмладоци околу текстот на законот за младинско учество и младински политики. Во текот на мај вакви средби се одржаа во Струмица, Скопје и Штип, а овој месец покрај во Тетово ќе има и во Куманови и Битола.

-Имаме заедничка иницијатива односно сите засегнати страни членуваат во работна група, каде се млади пратеници од Собранието, млади претставници на институциите, младински организации и политички подмладоци кои даваат поддршка на целиот процес сите заеднички креираме едно законско решение кое ќе ги регулира оние работи во областа на млади кои не се законски регулирани досега, изјави Ана Манасиева од Агенцијата за млади и спорт.

Драфт текстот , кој што е креиран од страна на работната група ќе помине низ повеќето региони во државата преку консулатативните средби.

-Законот опфаќа младинско организирање на локално и национално ниво. На локално ниво тоа се локалните младински совети, а на национално ниво ќе се формира претставничко тело и национално советодавно тело. На иста маса ќе седат претставници на младинските организации и на институциите и ќе можат да олучуваат за сите политки и мерки кои се носат во државата, а се од интерес на младите, рече Манасиева. 

Треба да знаете
Последни објави