Search

Од почетокот на епидемијата во старските домови во источна Франција има 570 смртни случаи

 Регионот Гранд Ест (Источна Франција) е првиот кој даде официјална бројка за бројот на починатите во домовите за стари лица, кои се наоѓаат на негова територија. Заклучно со 31 март, починале 570 стари лица, јави дописникот на МИА.

Од Ковид-19 во регионот Гранд Ест биле богодени 411 старски домови од  620 колку што ги има во регионот, односно 66 отсто. Притоа, починале вкупно 570 стари лица, а над половината од нив во департаманот Горна Рајна-Алзас, каде беше и жариштето на епидемијата,  прецизира регионалната Агенција за здравство.

Регионалните здравствени власти почнаа да прават прегледна  смртните случаи поврзани со Ковид-19 во старските домови и Генералната дирекција за здравство треба да ги објави првите бројки на национално ниво на крајот на денот .

Според последниот извештај за епидемијата со Ковид -19 во Франција до вчеравечер имало 4.032 смртни случаи во болниците, односно 509 повеќе во последните 24 часа.

Во моментов има 6.107 лица на интензивна нега од вкупно 24.639 хоспитализирани. Според податоците досега имало 10.935 излечени лица од вирусот.

Треба да знаете
Последни објави