Search

Од почетокот на годината во Србија се убиени 28 жени

Само во текот на оваа  година, до ноември, во Србија се убиени 28 жени, информира српскиот  омбудсман Зоран Пашалиќ, пишува весникот „Вечерње новости”.

По повод 25 ноември, Меѓународниот ден на борбата против насилството врз жените, омбудсманот Пашалиќ посебно внимание посвети на значењето на прифаќањето на Националната стратегија за спречување и борба со насилството во семејството и партнерските односи, информира весникот.

Според Пашалиќ, особено внимание треба да се посвети на спречувањето на насилството врз жените на село, на жените со инвалидност и ромските жени, како и на развојот на услугите во заедницата, за да може на жените жртви на насилсто да им се укажат сите видови поддршка за пријавување на насилството, како и помош за тоа тие да станат самостојни.
Пашалиќ уште и кажа дека голем проблем претставува тоа што жените жртви на насилство немаат можност со своите деца да го напуштат насилникот, бидејќи не се финаниски обезбедени.
-Доколку, сепак, се решат на таков чекор тие прифаќаат дека ќе живеат во економска несигурност, изјави српскиот  омбудсман.
Треба да знаете
Последни објави