Search

Од помпезно најавуваниот скандал остана само исчадена петарда, граѓаните пaк ќе ги поразат политиките на лажни вести на Мицкоски

Реакција на прес на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

 Без понуда, без програма на помалку од 100 дена пред избори, ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

Таква беше и денешната прес-конференција на нивниот генерален секретар Игор Јанушев. Од помпезно најавуваниот скандал со Законот за опојни дроги, останаа само лаги, измислици и „рекла-казала” разговори. Уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев.

Очигледна е безидејноста во белиот дворец што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно мора да измислува и конструира непостоечки случаи.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат сите политички поне. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.

Затоа се во опозиција. Затоа ги загубија последните локални и претседателски избори и затоа ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

Треба да знаете
Последни објави