Search

Од оваа учебна година, Град Скопје за прв пат воведува стипендии за средношколци, лица со попреченост

Како одговорна партија и на локално и на централно ниво обезбедуваме подобри услови и еднакви можности за сите, а посебен фокус ставаме на лицата со посебни потреби.Од оваа учебна година, Град Скопје за прв пат воведува стипендии за средношколци, лица со попреченост.

25 ученици со попреченост во средните училишта во Скопје ќе добиваат месечена стипендија во износ од 3.000 денари во текот на 9 месеци. Процесот на пријавување е во тек и ги охрабруваме сите кои ги исполнуваат критериумите за оваа мерка да се пријават на повикот. СДММ како дел од СДСМ активно работи на креирање квалитетни младински политики што го подобруваат секојдневниот живот на младите. Остануваме посветени на заложбите младите да добијат подобри услови и повеќе можности за да останат тука, во својата татковина.

Треба да знаете
Последни објави