Search

Од коронавирус почина српскиот актер Ненад Ненадовиќ

Српскиот актер Ненад Ненадовиќ почина во средата, во 57 година од животот во Белград. Тој неодамна се заразил со коронавирусот и се лечел во болницата во Батајница, пишуваат српските медиуми.

Беше постојан член на театарот „Бошко Буха“, рекордер по број на одиграни претстави во 2015 година. Во првите пет месеци таа година одиграл 77 претстави. Беше добитник на повеќе награди, меѓу кои три на „Бошко Буха“.

Со актерство почнал да се занимава на 13 години, познатата серија во „Враќање на отпишаните“.

Треба да знаете
Последни објави