Search

Од коронавирус почина и четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес“

Во Кина има 508 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус. Вкупниот број потврдени случаи во континентална Кина изнесува 77.658, објави Националната комисија за здравство на земјата.Бројот на починати се искачи на 2.663 лица.

Во Јапонија, од новиот коронавирус наречен Ковид-19, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес“. Станува збор за 80-годишен маж. Јужна Кореја пријави 60 нови случаи на коронавирус, со што е зголемен вкупниот број на заразени лица во земјата на 893.

Треба да знаете
Последни објави