Search

Од коронавирус починале повеќе Американци отколку за време на епидемијата на СИДА

Од коронавирусот починале повеќе од 100.000 луѓе во САД, иако во последно време се намали бројот на смртни случаи, а населението започна со делумно нормализирање на животот по двомесечен застој, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Околу 1.400 Американци просечно умирале секој ден во мај, што е сепак помалку од максимумот од 2.000 луѓе на ден во април.

За само три месеци, повеќе Американци умреле од коронавирус отколку во Корејската и Виетнамската војна, односно за време на војната во Ирак од 2003 до 2011 година.

Новата болест која го напаѓа респираторниот систем, исто така, убила повеќе луѓе отколку епидемијата на СИДА, од 1981 до 1989 година.

Бројот на заразени со корона во САД е повеќе од 1,7 милиони жители, додека, во светски рамки, бројот на заразени надминува 5,6 милиони. Епидемијата започна од Кина, а потоа пристигна во Европа и САД. Јужна Америка сега е во исклучително сериозна состојба, според бројот на заразени.

 

Треба да знаете
Последни објави