Search

Од кого децата ја наследуваат интелигенцијата?

Многу често родителите дебатираат од кого децата ја наследуваат интелигенцијата, од тато или од мама. Што вели науката на оваа тема?

Повеќе истражувања покажале дека Х хромозомот е одговорен за наследување на интелигенцијата. Жените имаат два Х хромозоми, мажите само еден, така што е двојно поголема веројатноста децата да ја наследат интелигенцијата од мајките отколку од татковците.

Досега неколку студии се занимавале со оваа тема во последните години. Истражување открива дека децата имаат тенденција интелигенцијата да им биде слична со интелигенцијата на мајките. Истражувачите интервјуирале исти деца секоја година од нивната 14 до 22 година, земајќи ги предвид фактите како образование и социјлно-економскиот статус. Откриле дека најдобар предиктор за интелигениција е токму нивната мајка, IQ-то на младите било околу 15 бодови поразлично од IQ-то на мајката.

Сите научници не се согласни со основниот принцип на Х хромозомите. Нагласуваат дека генетиката не е единствениот фактор во одредувањата на интелигенцијата на детето.

Проценето е дека 40 до 60 проценти од интелигенцијата е наследна, остатокот е од нашата околина, средина на живеење. И двата родители имаат важна улога во емотивниот и интелектуалниот развој на децата, градејќи ја нивната самодоверба, играјќи со нив и учејќи ги нови вештини.

Треба да знаете
Последни објави